За 13 месеци пратеници во македонското Собрание потрошиле 303.320 евра за патни трошоци, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Од оваа сума, 26.717 евра биле за патарини, а 276.603 евра за гориво, а парите во периодот од 28 мај 2024 до 30. јуни 2025 година биле исплатени на 65 од вкупно 120 пратеници.
Највисока сума му била исплатена на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Божиновски од Ресен – околу 13.200 евра, по него е уште еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, од Прилеп со 12.000 евра, а трет е координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, од Струга, со околу 10.800 евра.
Еве колку добиле другите:

За истиот период девет пратеници го искористиле правото на закуп на стан, за што се потрошени 44.522 евра.
Еве кои се тие пратеници:

Целата анализа на РСЕ, ОВДЕ.
Илустрација: РСЕ