Вечерва Скопје со неговите песни ќе се збогува со Јаневски пред арената „Борис Трајковски“

Вечерва фановите на кантавторот Владо Јаневски со неговите песни ќе се збогуваат со него на настан кој ќе се одржи на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој беше Владо Јаневски

Истиот ќе почне во 20 часот, а го организира продукцијата „Прагма“, која беше организатор на неговите концерти во Античкиот театар во Охрид во 2024 и 2025 година.

-Да го испратиме достоинствено, со песна, со тишина и со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ, порачуваат меѓу друго од „Прагма“.

Јаневски почина на 65-годишна возраст по кратко боледување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владо Јаневски и срамот на лажниот патриотизам

Погребот на Владо Јаневски ќе биде во среда

Веста за заминувањето на Владо Јаневски го обиколи регионот

Фото: Јаневски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести