(Фото) „Силјан не е приказна тој е огледало“ : Многу важни пораки испрати Приказната за Силјан, на македонската премиера во МНТ

„Силјан би се вратил, ама нема каде да слета“.

„Се би направиле за природата, освен нешто навистина.“

„Земјата не е пуста, ние сме“.

„Без селанец, земјата молчи“.

„Силјан не замина… Сите ние се изгубивме!“

Ова беа дел од пораките кои се вртеа на мал видео-бим веднаш до големиот, на влезот од Македонскиот народен театар (МНТ), кој што ги пречека гостите на македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, кој по освојувањето на светската, се врати дома, на веќе освоена домашна публика.

„Приказната за Силјан“, е повеќеслојна и опфаќа многу теми кои најверојатно исто така беа запазени, на сите фестивали од кои понесе награди. Силјан задира во сржта на едни од најголемите проблеми на македонското општество, па присуството на државниот врв беше полн погодок, за уште еднаш да се потсетат, на што приоритетно треба да се посветат.

Проблемите поврзани со животната средина, стандардот на земјоделците, иселувањето на младите навидум немаат ништо заедничко, но во приказната за Силјан, испреплетени се како пајакова мрежа во која е фатена нашата реалност. Околу Силјан се будат емоции на тага, радост, надеж за подобро утре и љубовта како врв на сето тоа.

„Без разлика каде бев, не постои чувство што ќе ми го замени овој настан пред домашната публика, ова е мојата најголема гордост.

Овој филм настана без идеја да стигне толку далеку и настана за нашата публика. Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што тек ќе го гледа цела Македонија.

Планираме да има премиери, проекции во секој град, бидејќи сметам дека луѓето  од помалите места и тоа како заслужуваат да го видат овој филм, и воопшто да гледаат филмови, а немаат можност.

Луѓето како Никола и неговата фамилија ми даваат смисла на животот и зошто правам приказна за нив. Сметам дека приказните особено во подзаскриените места на Македонија ми се особено драги да ги испромовирам, да бидам дел од сето тоа и да бидам дел од тие светови кои што делуваат подзаборавени, но всушност се суштината на нашата култура и на нашиот свет и ни ги држат корените на сите.

Особено сум горда на оваа екипа која што се бореше од почеток до крај, без никакви финансии во голем дел од времето, многу покасно дојдоа финансиите. Вакви луѓе заслужуваат буквално се.

Посакувам некои работи кои што ги видовте во филмот да се сменат засекогаш, но исто така поскакувам некои други да не се сменат никогаш,“ изјави режисерката Тамара Котевска на премиерата.

Присуството на протагонистите на филмот на премиерата, побуди посебни емоции кај публиката, и го направи настан за паметење.

„Приказната за Силјан“ од 15. јануари ќе игра во „Синеплекс“, а на 8. јануари ќе биде промовиран на National Geographic, кој гo го откупи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Овации и високи гости на македонската премиера на „Приказната за Силјан„

Како се создаваше приказната за „Силјан“, македонскиот кандидат за Оскар: Од украдени материјали, до снимки од луѓе со штркови пред кооперација

National Geographic Documentary Films ја откупи „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести