Препораки од ИЈЗ за заштита на граѓаните од загадениот воздух, поради пожарите

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува:

– Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот.

– Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите.

– Редовно да ги следи официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот.

– Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат каква било активност на отворено.

– При неопходна нужност за движење на отворено , во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски.

– Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група.

– Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш.

– Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н погодени подрачја сѐ додека не се добие официјална дозвола за пристап.

– Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евентуална евакуација ако истата е препорачана од компетентна надлежна институција.

Фото: Архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести