Од македонското Собрание информираа дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска до претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднела оставка од нејзината функција.
Оваа следи откако Димитровска стана една од обвинетите за случајот „Адитив“, кој се однесува за набавка на адитив за ТЕЦ Неготино и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција таа е обвинета дека оддавала службени тајни, односно на лице осомничено во „Адитив“ му оддавала информации за постапки кои му биле предмет од интерес.
Таа е обвинета исто така и за компјутерски фалсификат. Според Обвинителството кога требала да полага електронски, за да се здобие со безбедносен сертификат, наместо неа тестот го полагал нејзин колега од Државниот завод за ревизија, од каде дојде во Антикорупциска, кој е исто така сега осомничен за истото дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“
Фото: 360 степени