Транспортните превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска втор ден по ред продолжуваат со блокадите на граничните премини поради електронскиот систем за влез и излез (ЕЕС) од Шенген зоната на Европската унија (ЕУ).
Вчера на граничните премини во четирите земји во блокадите учествувале околу 75.000 камиони.
Товарниот сообраќај е прекинат, но патничкиот сообраќај се одвива непречено, без застои, а дозволен е и премин за итни, медицински, воени возила и транспорт на жива стока.
Според најавите на организаторите блокадите ќе траат седум дена.
Камионските превозници од ЕУ бараат да им биде доделен посебен статус за да можат да престојуваат повеќе од предвидените 90 дена за период од 180 денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го поддржува протестот на превозниците, се бараат решенија со Грција и Хрватска
Фото: Влада













