На 11.07.2025 околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на с.Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од с.Батинци. А.М. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Според пријавеното од страна на Е.М. (20), ќерка на А.М., тие околу 08.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. и се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него.
Потоа, А.М. и Џ.М. со возило се упатиле кон домот во с. Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М., велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Агим Мухареми е убиениот припадник на АРМ
50-годишен припадник на АРМ убиен во Батинци
Осомничениот за убиството на припадникот на АРМ е во бегство
Фото: Unsplash