Притвореникот кој почина во затворот во Шутка имал рак, од Кривичен велат дека не информирал за тоа

Притвореникот кој почина во истражниот затворот Скопје е Мирсад Пушка (54).

Како што веќе објавиме пред да почине, како што потврдија и од Министерството за внатрешни работи, тој побарал лекарска помош. Неколку минути по тоа лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

54-годишен притвореник починал во затворот во Шутка

Неговиот роднина, адвокатот Асмир Алиспахиќ на Фејсбук информираше дека имал рак и дека бил корисник на инвалидска пензија со мозочен удар. Алиспахиќ обвини дека тој не ја добил соодветната здравствена грижа за време на петте месеци додека бил во притворското одделение во затворот.

Како што информира тој, неговиот адвокат правел напори Пушка да биде хоспитализиран, но никој не го сфајќал сериозно, посочувајќи дека во затворот нема услови за примање терапии.

Од Основниот кривичен суд пак информираа дека тие не биле информирани дека тој боледува од рак, туку биле информирани за други дијагнози.

„При сослушување, ниту обвинетиот лично, ниту преку бранителот известиле дека боледува од рак. За време на издржувањето на мерката притвор, од страна на Судот, тој редовно и навремено е спроведуван на сите потребни медицински прегледи“, велат од Судот и додадаваат дека на 29, август бранителот на починатиот поднел предлог за промена на мерката притвор, посочувајќи дека за да Судот одлучува по предлогот, претходно треба да добие мислење од јавен обвинител.

Пушка е еден од 36. обвинети во предметот „Синдром“, кој се однесува на поткуп и други злоупотреби во постапките за издавање на инвалидски пензии и туѓа нега.

Тој е еден од деветмината кои на почетокот на истрагата во април годинава добиле затворски притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести