Приведен Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев е меѓу повеќето лица кои се приведени вчера во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во Агенцијата.

Засега нема официјални информации од надележните институции, кои само ја потврдија акцијата, а повеќе медиуми јавија дека тој се сомничи дека бил затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра со цел да забрза процес на исплата на европски пари кои ги распределува Агенцијата.

Стоилев стана директор на Агенцијата во јули 2024 година. Тој е ѝ претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

Фото: Стоилев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести