Приведени десетина вработени во УЈП за трагедијата во Кочани

Во врска со трагедијата во Кочани се предвидени десетина вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), потврди денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Претходно од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата, без да соопштат повеќе детали и број на инволвирани лица.

Коцевски, објасни дека оваа предистрага ќе се води одделно, во кочанското Обвинителство.

Приведените лица се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и давање и примање мито.

-Овој предмет не може да се спои со сегашниот предмет за Кочани затоа што овде не е поврзаноста со штетната последица, односно смрт. Ова се кривичи дека за злоупотреба, давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен-настан односно со предметот за Кочани кој во моментов е во тек, појасни тој.

Засега не е познато на какви позиции во УЈП биле приведените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Диана Груевска Илиевска, која го води судскиот процес за трагедијата во Кочани

Кој е газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести