Приведени две лица во Чаир, се преставувале како набљудувачи на изборите

Две лица денеска се приведени во двор на основно училиште во скопски Чаир поради непочитување наредба на овластени службени лица кога од нив било побарано да се легитимираат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Станува збор за лицата Ф.Е (35) и Н.Е. (44).

-Лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес. Биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство: Наводи за изборен поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

20 пријави за нарушување на изборниот молк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести