Министерството за финансии преку националните структури што управуваат со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија (ЕУ) донесе одлука за привремен прекин на исплатите од ИПАРД 3 програмата, информираат од таму.
„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на националните структури.
Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција,“ велат од таму.
Оваа одлука следува по отварањето на истрага за корупција во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, а која се води за пет лица, меѓу кои е и директорот на Агенцијата, Илија Стоилев.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека не чувствува никаква одговорност за овој случај и не планира да си даде оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илија Стоилев доби 30 дена притвор
Фото: МЗШВ














