Основниот кривичен суд Скопје информираше дека на барање на Обвинителство, притворот на четирите лица опфатени во постапката во врска со пожарот што избувна во рециклаторен погон во Трубарево, е продолжен за нови 48 часа.
Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство на раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице.
Лицата се осомничени за кривичното дело од член 230 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно загрозување на животната средина и природата со отпад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево