Просечната нето-плата во декември лани 46.889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6% во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9% и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование за 9,7%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12,8%, Рударство и вадење на камен за 9% и Градежништво за 7%.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, изнесувала 70.520 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести