Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45.468 денари, информираа денеска од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.4%.
Ваквото зголемување според ДЗС се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 % и Рударство и вадење на камен за 12.2 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3% и Транспорт и складирање за 2.1 %.