Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 45.796 денари, што е 11% повеќе во споредба со истиот месец лани.

Според ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1% и Образование за 14.4%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4% и Рударство и вадење на камен за 5.1%.

Просечната бруто-плата изнесувала 68.859 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести