Поради влошена здравствена состојба на обвинет, одложено утрешното рочиште за „Пулс“

Поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственикот на објектот во кој беше т.н. дискотека “Пулс“, утрешното рочиште за судскиот процес е одложено.

Како што информираа од Кривичниот суд Скопје, судијката што го води предметот, Диана Груевска – Илиевска, контактирала со докторите што го лекувале и според нивните проценки тој ќе може да присуствува на следното закажано рочиште на 25. февруари.

-Во текот на денешниот ден, претседателот на Судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите што се задолжени за неговото лекување кои го известија дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на оваа главна расправа, но уверуваат дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и тој ќе може да продолжи да ја следи главната расправа.

Поради економичност на постапката не би се предизвикале дополнителни трошоци.

Претседателот на Советот за одлагањето на расправата ги извести сите бранителите, полномошниците на оштетените, законските застапници на оштетените, сведоците, надлежните Казнено-поправни установи и надлежните полициски станици. Воедно странките се известени дека сите, веќе дадени последователни термини остануваат во сила, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести