Денеска во Кисела Вода беше пуштен во употреба новиот базен во рамки на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“.
Базенот започна да се гради од 2019 година, а денес е завршен и ставен во функција.
„Овој базен ќе служи и за наставниот процес, но и за спортистите, клубовите, младите, децата и семејствата од цела Кисела Вода.
Во изминатите четири години вложивме во девет спортско-рекреативни центри, во изградба на спортски сали и терени, сѐ со цел младите повторно да се вратат на спортот и здравите навики.
Посебно сум горд што заедно со Министерството за спорт активно работиме и на уште еден значаен капитален проект – реконструкцијата на спортската сала „Расадник“, првиот дом на РК Вардар и симбол на спортскиот дух на Скопје и нашата општина,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на настанот, најави дека следува отварање на уште четири други базени до крајот на летото.



Фото: Влада