Путин вели оти војната во Украина се приближувала кон крајот

Рускиот претседател Владимир Путин по вчерашната парада за 9. Мај – Денот на победата на фашизмот во Москва, Русија, изјави дека смета оти војната во Украина се приближувала кон крајот, пренесуваат светските агенции.

Претходно на парадата пак вети оти ќе ја порази Украина.

Путин вели и дека е подготвен да преговара за нови безбедносни прашања за Европа и дека негов префериран партнер за преговори би бил поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Од друга страна пак како што пренесува „Гардијан“ двајца негови високи советници ја намалуваат можноста за брз крај на војната.

Димитри Песков, портпаролот на Кремљ, викендов изјави дека постигнувањето мировен договор за Украина ќе потрае долго време.

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести