За приведувањето на српскиот турбо-фолк пејач Аца Лукас (Александар Вуксановиќ) на настап во локалот „Рома кафе„ во Кавадарци со демант реагираше и сопственикот на локалот.
Според него не било направено никакво прекршочно дело.

Реагира и на коментарите на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, како и на пишувањата на медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Нема да дозволиме Кочани сценарио“: Митко Јанчев за приведувањето на Аца Лукас
Објаснува дека локалот за настанот бил даден под закуп согласно закон, со целосна правна документација и договор за инспекциски надзор.
Посочува и дека дека Лукас имал валиден влез во Македонија и запасен престој, а настанот бил за промоција на негова крипто валута.
Вели дека не била загрозена безбедноста на гостите и дека по приведувањето на Лукас локалот продолжил со работа, како и дека имало 400, а не 700 гости.
-Не е точно дека имало загрозување на безбедноста. Ако условите не биле исполнети, надлежните институции ќе го запреле настанот уште на почетокот, се вели меѓудругото во демантот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се огласи Аца Лукас: Врвот на власта во Македонија бараше да бидам задржан во полиција
Фото: Фејсбук/Рома кафе














