Раководството на Алијансата за Албанците на Таравари поднесе колективна оставка

Раководството на поделената Алијанса за Албанците (АА) од крилото на Арбен Таравари поднело колективна оставка, информираа од таму.

Истата бил поднесена пред Собранието и Конгресот на крилото.

До одржувањето на седница на Собранието на крилото, кое треба да се одржи следниот месец и кое треба да ги констатира оставките, и до одржувањето на Конгресот, кој треба да се одржи најкасно есенва годинава, со крилото ќе управувал актуелниот претседател Таравари.

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести