Расте бројот на граѓани и фирми на Листата на должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за декември за долгови доспеани до 31.08.2025 година и неплатени до 30.11.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници се објавени 2.049 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 4.088 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.394.010.304 денари, (повеќе за 332.601.630 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.183.236.380 денари, (повеќе за 291.233.829 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 210.773.924 денари (повеќе за 41.367.801 од претходната листа).

Целата листа ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести