Разоткриена криминална група, уапсени седум лица, а едно е во бегство

По двегодишна опсежна предистражна постапка на Управата за финансиска полиција, што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на денешниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино, информираат од таму.

-Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејстувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривичните дела “Злосторничко здружување” од член 394 од КЗ на РСМ, “Даночно затајување” од чл.279 од КЗ на РСМ, “Даночна Измама” од чл.279-а од КЗ на РСМ и “Перење пари и други приноси од казниво дело” од чл.273 од КЗ на РСМ, со намера организаторите и припадниците на групата да се стекнат со противправна имотна корист во висина од над четиристотини триесет милиони денари, со што е предизвикана огромна штета на буџетот на Република Македонија.

По налог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во акцијата со асистенција на САЕ “Тигар”од слобода се лишени 7 лица и истите се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно на органите на прогонот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести