Од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) информираа дека на седница на Управниот одбор на ССК, Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот.
И двајцата како претставници на компании членки, се исклучени и од членството во ССК.
-Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту имаат право да се претставуваат во име на Сојузот, велат од таму.