Од Уни Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека се реизбрани дел од членовите на Надзорниот одбор (НО) на Банката.
Во НО остануваат Светозар Александров Попов, Ралица Иванова Богоева, Јанко Ангелов Караколев и Дејан Кнезовиќ, кој е независен член.
Во НО според податоци од официјалната страна на Банката не се реизбрани Константин Арнаудов и Николај Драгомирецки.