ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, информираат од таму.
-Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 l вода по глава на жител.
Воедно и апелираме до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.
Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или vodovod-skopje.com.mk. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Град Скопје, велат од таму.
Фото: Унсплеш