Професорката по уставно право Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија.
Информацијата ја соопшти таа на својот Фејсбук профил.
Таа е првата личност од Македонија која доаѓа на оваа функција, како и прва од земја надвор од Европската унија (ЕУ) и од земјите од поранешна Југославија.
За нова претседателка на Венецијанската Комисија е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда во Италија, а за други потпретседатели на Комисијата се избрани Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство.
Фото: Дескоска/Фејсбук












