Родителите побараа оставки на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Денеска во Кочани повторно се одржа „Марш на ангелите“, при што роднините на загинатите во пожарот во Кочани повторно побараа правда и одговорност за несреќата во која загинаа 62 лица, а дел од повредените уште долго време ќе се справуваат со последиците,

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК, Георги Георгиев упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој ги искина писмата со ветувања добиени од претседателката и премиерот, за кои тврди дека се без потпис, и дека се заборавени од нивна страна.

Силјановска Давкова ја нарече „маќеа“, а Мицкоски „кукавица“, оставајќи им пари за да дојдат во Кочани за да запалат свеќи за жртвите.

„Нашите деца загинаа на 16. На 16, вие тројца да си дадете оставка, а вие изберете го месецот.Вие немате срца”, рече револтираниот родител.

Пред Обвинителството, една од мајките истакна дека, институциите им ја потрошиле секоја тронка надеж дека оваа држава може да ги заштити и дека трагедијата ќе биде лекција за во иднина, вакво нешто да не се повтори.

„Министерот Тошковски и обвинителот Коцевски ни должат одговор како е можно полицијата да прави акциска контрола во објект кој воопшто не смеел да работи, објект кој немал валидна лиценца, а имал и блокирана сметка. Ако објектот не смеел да работи, тогаш институциите треба да одговорат кој направил пропуст, за дискотеката да биде отворена“, рече мајка на загинато момче која праша како е можно 80 дена да нема одговор за потеклото на пиротехниката и за тоа кој ја внел.

Одговорност побараа и од УЈП кои го казниле објектот, но не го затвориле.

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести