Најголемиот остров на светот Гренланд, дел од Кралството Данска, стана светска топ тема откако САД отворено најави дека има намера да го заземе.
Голем број земји од Европа, застанаа на страната на Данска, а дел од нив за тоа добија нови повисоки американски царини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД воведе нови царини за осум европски земји, оти се на страната на Гренланд
И Русија застана на страната на Данска.
Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, Русија го смета Гренланд за данска територија.
-Забележуваме многу контрадикторна ситуација. Тргнуваме од претпоставката дека Гренланд е територија на Кралството Данска. Слушнавме изјави и од Данска и од самиот Гренланд дека Гренланд нема намера да биде продаден на никого.
А слушнавме и изјава од Вашингтон дека Вашингтон формулира парична понуда за стекнување на Гренланд во една или друга форма, изјави тој, посочувајќи дека ситуацијата околу Гренланд е необична и вонредна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе “владее„ со Арктик, за кој Русија има интерес
Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД
Како Гренланд стана дел од Данска
Фото: Унсплеш













