Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, по сообраќајката во која беа повредени двајца малолетници, остана без возачка

Пратеникот на Левица од Гевгелија, Сашко Јанчев, кој учествуваше во сообраќајна несреќа, во која беа повредени 16-годишно момче и неговата 13-годишна сопатничка, остана без возачка дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен пратеникот на Левица, Сашо Јанчев по сообраќајната несреќа со мотор, при што двајца малолетници се повредени

Тој по несреќата беше приведен и беше осомничен за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) побара мерки за претпазливост за него – привремено одземање патна исправа и на возачката дозвола, а судија од Основниот кривичен суд делумно го прифати предлогот, одземајќи му ја возачката дозвола, информираа од Судот.

Несреќата се случи во селото Марино во Општина Илинден.

    

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести