Цената на становите во Македонија, почнувајќи од 2022 година, вртоглаво продолжува да расте, а посебно во главниот град Скопје.
Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека во третиот квартал од годинава, од јули до септември, во скопски Центар стан од 91 метри квадратни, се продал за 280.000 евра или над 3.000 евра за квадрат.
Регистарот покажува и дека и понатаму најатрактивни општини за купување станови се скопските, па така во Општина Аеродром во третиот квартал се продадени 275 станови, во Општина Центар, 236 станови, во Општина Чаир, 133…
За овој период во земјава се регистрирани 845 новоизградени станови, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал годинава.
И неодамна објавените податоци на Народната банка, како што пишуваше еМагазин, покажуваат дека цената на недвижностите во земјава продолжува да расте, па во третиот квартал од годинава имаше раст од 25,1%, што е историски највисок раст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По колку се продава метар квадратен во Скопје?
Најмногу станови во Скопје се продаваат во Аеродром, квадрат најскап во Центар
Цената на становите продолжува да расте, во третиот квартал недвижностите поскапеле за 25,1%