Раководството на скопското јавно претпријатие (ЈП) Комунална хигиена деновиве е во фокусот на јавноста поради несобраниот смет во градот.
Владата нареди вонреден надзор во Комунална хигиена, која е надлежна за собирање на ѓубрето, а за случајот се заинтересира и Основното јавно обвинителство, од каде меѓудругото информираа дека јавен обвинител издал наредби до Министерството за внатрешни работи и до другите надлежни органи итно да постапат и да извршат проверки за работењето на Комунална хигиена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје
Директор на претпријатието е Сабахадин Рустеми.
Кој е Рустеми?
Рустеми е роден на 15.08.1987 година, во Скопје.
Дипломирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот ФОН, додека мастер-студии од областа на економските науки завршил на Факултетот за туризам во Скопје.

Во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“.
Во периодот од 2023 до 2024 година ја извршувал функцијата помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје.
Oд страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на 29.01.2025 година, Рустеми е назначен на функцијата в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје.
Рустеми е оженет и татко на три деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје
Кои болести ги пренесуваат глодарите, кои се новата опасност од несобраниот смет во Скопје
Наместо запалки и пенкала, ѓубре за гласачите во Скопје
Фото: Фејсбук/Рустеми














