САД и Кина постигнаа рамковен договор околу трговскиот спор, кој треба да биде одобрен од претседателите на двете држави.
По дводневните преговори во Лондон, американскиот министер за трговија Хуард Лутник изјави дека „загриженоста во врска со ретките метали ќе биде надмината преку спроведување на оваа општа рамка“.
Кинескиот заменик-министер за трговија Ли Ченганг ја оцени средбата за „многу професионална, рационална, темелна и отворена“.
Овој договор, меѓудругото треба да ги реши проблемите околу извоз на ретки метали и магнети, кои се неопходни за производство на паметни телефони и електрични возила.
Фото: еМагазин.мк