САД почна да продава нафта од Венецуела

Како и што беше најавено по нападот на САД на Венецуела и соборувањето на претседателот Николас Мадуро, САД почна со продажба на венецуелска нафта.

Земјата во првата продажба продаде нафта во вредност од околу 500 милиони долари, а треба да се напомене и дека по преземањето на продажбата од страна на САД, цената на нафтата од Венецуела е повисока за 30%.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека Венецуела ќе предаде помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта, која моментално е под санкции на САД, а која ќе се продава по тековни пазарни цени.

Трамп посочи и дека тој ќе ги контролира приходите за да се осигура дека средствата ќе им користат и на Венецуела и на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку нафта има Венецуела?

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести