САД нема да распоредува војници во Украина, Европа планира и најавува нови санкции за Русија

САД нема да распореди свои војници во Украина, кои би биле безбедносна гаранција, доколу се постигне мировен договор со Русија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

-Но, секако можеме да помогнеме во координацијата и можеби да обезбедиме други средства за безбедносни гаранции за нашите европски сојузници, рече Трамп за американската телевизија Фокс њуз.

Сепак наместо копнени трупи, останува опцијата за испраќање американски воздухопловни сили, потврди портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.

За разлика од САД, Франција, Германија и Велика Британија пак размислуваат да испратат свои трупи за да ја зајакнат одбраната на Украина. 

По средбата со Трамп и европските лидери во САД, украинскиот претседател Волдомир Зеленски потврди дека веќе се работи на обезбедување безбедносни гаранции за неговата земја при евентуален мировен договор.

Европската Унија (ЕУ) пак планира и нов пакет на санкции за Русија следниот месец.

Информацијата на социјалните мрежи по виртуелниот состанок на европските лидери ја соопшти шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

-На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа безбедносните гаранции мора да бидат силни и сигурни за да ја одвратат Русија од реорганизирање и повторно напаѓање, напиша таа меѓудругото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли крај на војната во Украина: Што договорија Трамп, Зеленски и европските лидери во Вашингтон

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести