Денеска и утре во Хаг, Холандија, се одржува Самит на НАТО.
Македонската делегација ја предводи македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, а во истата е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Се уште нема официјална потврда дали Сиљановска Давкова таму ќе има средба и со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Освен актуелните случувања во светот, централна тема на Самитот, ќе биде предлогот на САД, земјите членки да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од бруто-домашниот производ (БДП), дупло од актуелниот праг.
Македонија моментално одвојува 2,2% од својот БДП за одбрана и е на 11. место по висината на трошоците.
Фото: Министерство за одбрана