Родителите на загинатите бараат Обвинителството да им објасни кој е обвинет, а кој е ослободен за пожарот во Кочани

Семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, нивни роднини, пријатели и граѓани вчера по деветти пат маршираа по улиците на градот.

Оваа е прв марш откако од Основното јавно обвинителство информираа дека е поднесено обвинение за трагедијата во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани

Тие побараа Обвинителството лично да ги запознае со обвинението и да им објасни кој е обвинет, а кој е ослободен.

Утре тие ќе достават и писмено барање до Обвинителството за лично да им се објасни обвинителниот акт, бидејќи како што порачаа, тие се најпогодени од трагедијата. Очекуваат транспарентност и директна комуникација со надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои поранешни градоначалници на Кочани се обвинети за пожарот

Кои поранешни министри се обвинети, а кои не за пожарот во Кочани

Фото: Архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести