Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против директорот на скопското јавно претпријатие Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми и раководителот за отпад во претпријатието, Аки Саити, кои се осомничени за стореното кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен
„Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот.
Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести.
Ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ.
Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени,“ велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје
Аки Саити е вториот уапсен од Комунална хигиена
Каков имот пријавил Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена Скопје














