Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен

Актуелниот директор на јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, Сабахудин Рустеми, е во фокусот на јавноста откако вчера беше приведен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аки Саити е вториот уапсен од Комунална хигиена

Заедно со него е приведно уште едно лице од скопското јавно претпријатие, а двајцата се приведени за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.

Рустеми е кадар на опозициската ДУИ, а неговото приведување следи откако Владата нареди надзор во препријатието поради несобраниот смет во Скопје, а Основното јавно обвинителство Скопје побара Министерството за внатрешни работи да собере докази за работењето на Комунална хигиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје

Кој е Рустеми

Рустеми е роден на 15.08.1987 година, во Скопје.

Дипломирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот ФОН, додека мастер-студии од областа на економските науки завршил на Факултетот за туризам во Скопје.

Во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“.

Во периодот од 2023 до 2024 година ја извршувал функцијата помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје.

Oд страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на 29.01.2025 година, Рустеми е назначен на функцијата в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје.

Рустеми е оженет и татко на три деца. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена Скопје

Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје

Фото: Фејсбук/Рустеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести