Се расипа единствениот исправен радар на Скопскиот аеродром

Порталот Сакам да кажам објави дека во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипал единствениот исправен радар.

Информацијата за СДК ја потврдил и директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, кој меѓудругото вели дека нема никаков безбедносен ризик со слетувањето и со полетувањето на авионите на аеродромот, а работата ќе си се одвивала како и досега, но со побавно темпо.

СДК пишува дека додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне потребен дел од Италија, ќе мора контролорите да ги слетуваат авионите на аеродромот еден по еден. Ако пак се погоди истовремено и друг, трет авион за слетување, ќе мора да кружат малку на небо, додека не слета тој пред нив.

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести