Се уште се трага по нуркачот од Бугарија кој исчезна во Охридското Езеро, познат неговиот идентитет

Од завчера се трага по нуркачот од Бугарија, кој исчезна при нуркање на длабочина од 89 метри во Охридското Езеро во близина на селото Трпејца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од вчера се бара 52-годишен нуркач од Бугарија кој исчезна во Охридско Езеро

Тој како што пренесуваат бугарските медиуми бил со локален пријател, а тие објавија и дека се работи за 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив.

Танчев од сабота го бараат Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“.

Фото: Фејсбук/Танчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести