Секој ден со изјавите повторно ги убиваат нашите деца, порачаа родителите на првата блокада во Кочани и побараа рочиште во најбрз рок

На денешниот нов „Марш на ангелите“ кој што се одржа во Кочани, роднините на загинатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, го блокираа кружниот тек во градот.

Од таму најавија дека ќе ги радикализираат протестите, најпрвин во Кочани, а потоа и во Скопје. Не прецизираа кога ќе започнат протестите пред Кривичниот суд во Скопје.

„Немаме никакво соопштение од Кривичниот суд од Скопје, никаква дата, никакво објаснување кога ќе почнат рочиштата. Ако не успееме со овие блокади во Кочани да добиеме термин за рочиштата, блокадите ќе ги продолжиме во Скопје, пред Кривичен суд,“ изјави мајка на едно од загинатите деца.

Таа побара од адвокатите на обвинетите, малку да имаат чувство за родителите, бидејќи излегуваат во медиумите и кажуваат колку ќе трае ова судење, и како што вели, тоа за нив тоа е убиство и им создава поголем револт и стресови.

До Кривичниот суд апелираа побрзо да си ја завршат својата работа и да го закажат првото рочиштето, бидејќи трпението им е при крај.

„Секој ден се повеќе стресови, нашите деца ги убиваат повторно со тие изјави, на крајот ќе излезе дека ние родителите и децата сме виновни,“ рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

Суспендирани испектори на УЈП опфатени со предистрагата за пожарот во Кочани

Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Фото: архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести