Понудата за преземање на Фабрика Карпош АД Скопје од страна на Сервис Петрол ДОО Скопје е успешна.
Како што информираа од Комисијата за хартии од вредност, Сервис Петрол се стекнал со нови 15.270 обични акции, или 5,11% од вкупно издадените обични акции на издавачот Фабрика Карпош.
Заедно со акциите што веќе ги поседува – 224.000 обични акции со право на глас, Сервис Петрол сега поседува вкупно 239.270 обични акции или 79,99% од вкупниот број обични акции издадени од Фабрика Kарпош.
Понудата за преземање се смета за успешна, бидејќи во неа не беше наведен прагот за успешноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош
Сервис Петрол е купувачот на 74,89% од акциите на Фабрика Карпош
Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош














