Основниот кривичен суд Скопје на барање на Основното јавно обвинителство Скопје му го продолжи притворот за нови 48 часа на Стојанче Јовановски, чии сопруга и шестгодишна ќерка, загинаа по пад од вискокатница во скопски Карпош.
Тој е осомничен за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи за него во последните две години има 10 кривични пријави за насилен криминал, недозволена трговија со дрога и имотни деликти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавени фотографии од сопругот на жената која со ќерката загина по пад од балкон во Карпош














