Шалтерот на МВР за издавање на државјанство, ќе работи до 19 часот

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека поради зголемениот број на барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08.00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.

„Дополнително, потсетуваме дека услугата за издавање на Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk,“ велат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести