За престојните локални избори, кои ќе се одржат на 19. октомври во Тетово има шест кандидати за градоначалник.
За нов мандат ќе трча и актуелниот градоначалник и претседател на БЕСА, Билал Касами, како кандидат на владејачката коалиција Вреди.
Кандидатот пак на „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ е потпретседател на партијата, Бајрам Реџепи.
Кандидат има и ВМРО-народна партија – Стевица Саркоски, вработен во Основниот суд во Тетово.
Кандидат за градоначалник е и поранешниот пратеник Самка Ибраимоски, кандидат на Демократи е Изет Зејнеловиќ, кој порано работел во Министерството за внатрешни работи, а на Левица е Катка Божиновска, вработена во Државниот универзитет во Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури 18 кандидати за градоначалник на Скопје, еве кои се
Фото: Игор Бансколиев