Што ќе се казнува и колкави се казните: Од утре ќе се казнува со „Безбеден град„

Од утре во Скопје, Куманово, Тетово и на автопатите по коридорите 8 и 10 ќе се казнува со електронскиот систем за прекршоци “Безбеден град“.

Првично ќе се казнува за неколку прекршоци, а граѓаните ќе ги добиваат казните на СМС и мејл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казна ќе добивате на СМС порака или на мејл: Како ќе се казнува за сообраќајни прекршоци со “Безбеден град“

Системот во целата држава треба да стартува со работа до средината на годината.

Изминативе денови Министерството за внатрешни работи правеше тестирање на системот во Скопје, Тетово, Куманово и Охрид.

Од таму ги повикаа и граѓаните да ги ажуираат своите податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со апел пред стартот на „Безбеден град“: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Воведувањето на овој систем предизвика различни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Што ќе се казнува

Пречекорување на брзина во населено место

Дозволената брзина во населено место е до 50 километри на час, по исклучок до 70 километри на час со знак.

Ако возите до 10 километри на час над дозволеното казната е 15 евра.

Ако возите од 10 до 30 километри на час над дозволеното казната е 50 евра.

Ако возите од 30 до 50 километри на час над дозволеното казната е 300 вра, плус забрана за управување на возилото од 3 до 12 месеци.

Пречекорување на брзина надвор од населено место

Дозволена брзина – 130 километри на час/автопат, 110 километри на час/пат за моторни возила, 90 километри на час/други патишта.

Ако возите до 30 километри на час над дозволеното казната е 20 евра.

Ако возите од 30 до 50 километри на час над дозволенеото казната е 50 евра.

Ако возите од 50 до 70 километри на час над дозволенто казната е 300 евра плус забрана за управување на возилото од 3 до 12 месеци.

Поминување на црвено

Казната за поминување на црвено е 250 евра, плус забрана за управување на возило од 3 до 12 месеци.

Непрописно запирање и паркирање

За непрописно запирање или паркирање на пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации, казните се од 25, 40, 150 и 180 евра, во зависност од видот и тежината на прекршокот.

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило

Казната за возење без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици е 500 евра.

Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, казната е 100 евра.

Ако казната ја платите во рок од осум денови, имате намалување од 50%.

Ако има и забрана за управување се изрекува во половина од пропишаниот рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додека се чека со казнувањето, возачите почнаа да користат апликација за избегнување на прекршоци

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести