Шведско-македонската Стопанска комора ќе организира настан, за можност за бизнис со нордиските земји

Шведско-македонската Стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, најавува настана тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“, со цел зајакнување на економската соработка помеѓу Македонија и нордиските пазари.

„На настанот ќе се дискутира што е тоа што го бараат нордиските компании кога влегуваат на нови пазари и како локалните македонски бизниси и производители можат да се позиционираат како сигурни и долгорочни партнери.

Настанот поврзува шведски и нордиски компании веќе етаблирани на македонскиот пазар со WeEffect и нејзините партнери, меѓу кои „Националната федерација на фармери“, „Центарот за едукација и развој“, „Македонската асоцијација на преработувачи“ и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, со цел размена на знаења, зајакнување на деловни капацитети и поттикнување нови можности за соработка. На настанот ќе присуствуваат бројни бизнис лидери, релевантни институционални претставници и експерти за нордискиот пазар,“ велат организаторите.

Настанот ќе се одржи на 13. март (петок) 13 до 16 часот, во Центарот за иновации „Инокс“ на Плоштад Скопје.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести