Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 64.698 денари, информираа денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Истата споредена со таа во мај е зголемена за 790 денари.
Со изнајмен стан пак изнесува 80.073 денари.
Во однос на мај има зголемување од 733 денари кај храната и пијалоците. На едно семејство во јуни за овие потреби му биле потребни 23.167 денари.
Според пресметката на ССМ за два месеци вредноста на кошницата е зголемена за 2.007 денари, а кај храната и пијалоците за тој период има зголемување за 1.678 денари.