Синдикалната минимална кошница во октомври зголемена за 467 денари

Според податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември кога изнесуваше 65.077 денари, е зголемена за 467 денари.

Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври изнесуваат 23.772 денари, што е зголемување од 378 денари во однос на септември.

Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата изнесува 80.919 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести